Акциска контрола во угостителски објекти, две лица приведени, пронајдена марихуана

од Vladimir Zorba
179 прегледи

Денеска (15.10.2022) во периодот од 00.00 до 04.00 часот од страна на секторите за внатрешни работи и патролни тимови составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, спроведена е акциска контрола во во угостителски објекти на територијата на цела држава.

При контролата, приведени се две лица, Д.Р.(20) од Велес затоа што кај него била пронајдена марихуана и дигитална вага и С.П.(18) од Скопје затоа што се однесувала агресивно кон полициските службеници.

Затекнати се девет малолетни лица во угостителски објекти после 00.00 часот и осум лица кои не поседувале документ за лична идентификација.

За сите констатирани прекршоци ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Слични содржини