154
Саудискиот министер за енергија принцот Абдулазиз бин Салман денеска изјави дека актуелниот договор на ОПЕК + за производство на нафта ќе продолжи до крајот на годината, пренесува Ashrk TV,, повикувајќи се на коментарите на принцот објавени на порталот Energy Aspects.
Според саудискиот министер, нафтената групација не може да го зголеми производството само врз основа на првичните сигнали за зголемена побарувачка.
Во октомври 2022 година, ОПЕК и неговите партнери поставија фиксни цели за производство за цела година унапред. Официјалните лица укажаа дека имаат намера да ги остават квотите непроменети до 2023 година, а коментарите на принцот Абдулазиз бин Салман се најостри досега.