Акустична гитара на Ерик Клептон продадена за 625.000 долари

од Vladimir Zorba
306 прегледи

Акустичната гитара на Ерик Клептон продадена за 625.000 долари, на аукција одржана во кафулето Хард Рок во Њујорк и на интернет, објави „Julien’s Auctions“.

Гитарата Мартин Д-45 на Клептон постигна највисока цена на аукцијата на предмети кои припаѓаат на најголемите рок легенди. Аукцијата се одржа во петокот и саботата, а вкупната вредност на продадените предмети од некои од најголемите светски ѕвезди изнесуваше речиси пет милиони долари.

Гитарата на која Клептон свиреше во 1970 година за време на првиот концерт во живо на неговиот бенд Дерек и Доминос беше проценета на 300.000 до 500.000 долари. Неговата продажна цена е сè уште многу пониска од рекордните шест милиони долари за кои во 2020 година беше продадена гитарата на која свиреше Курт Кобејн на легендарниот концерт емитуван на каналот MTV (MTV Unplugged) во 1993 година.

Речиси 1.000 различни предмети кои им припаѓаат на Мајкл Џексон, Ејми Вајнхаус, Витни Хјустон, Лејди Гага, Мадона, Елвис Присли и членовите на Битлси, Ролинг Стоунс, Ганс и Роуз, Нирвана беа продадени на аукција.

Слични содржини