Al Jazееra – Balkans: Горчливото чоколадо за сиромашните во Македонија

од Vladimir Zorba
104 прегледи

 Македонија е една од најсиромашните земји во светот и е позната по изградба на непотребни споменици,  се вели во коментар на Al Jazееra – Balkans .

споменик

“трошат пари за чоколади, а  немаме за леб. Не знам што ќе правиме, ние сме луди, сме порачале  уште сто слики за музејот. Тоа што го правиме не е нормално. Државата не може да функционира … “. Овие драматични предупредувања не се направени од опозицијата, туку  од министерот за финансии Зоран Ставрески, во личен телефонски разговор со министерката за внатрешни  Гордана Јанкуловска.
Телевизијата коментира дека пораката со лебот и чоколадото потсеќа на зборовите на Марија Антоанета, која рекла дека луѓето да јадат колачи  наместо леб. Македонија, во која официјално има 600 000 сиромашни луѓе, е една од најсиромашните земји во светот, а е позната и по тоа што гради никому потребни споменици, прекрасни згради, барокни фасади – неразумно троши пари  посочува телевизијата. Драматичната реченица на министерот за финансии, е дел од записите на прислушувани телефонски разговори, кои беа прикажани од опозицијата. Според опозицијата разговорите биле прислушувани по наредба на директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков и премиерот Никола Груевски. Веднаш по прес конференцијата на опозицијата Ставрески ги отфрли тврдењата дека земјата има проблеми со финансиите