Ал Каеда објави награда за главата на секој руски војник

од Vladimir Zorba
81 прегледи

Духовниот водач и финансиер на официјалниот огранок на Ал каеда во Сирија – фронта “Нусра”, објави награда за фаќање на секој руски војник во Сирија.Цената за главата е три милиони сириски лири или 15 900 долари.

20151005.xpzpivfxad

Информацијата е обелоденета од Абу Хасан ал-Кувајт во четвртокот, еден ден откако Русија одржа првиот од серијата воздушни напади против бунтовничките групи во земјата, пишуваат локални изданија.потерницата се шири  во социјалните мрежи, нуди еден милион сириски лири или 5300 долари по борец, кој ќе фати руски војник и два милиони фунти или 10 600 долари за фракцијата која  ја претставува тој.

“За херојски брат муџахедини, награда од еден милион сириски лири на секој кој зема за заложник еден руски војник”, пишува Абу Хасан ал-Кувајт.Тие на  Твитер, широко ја споделија  меѓу симпатизерите на џихадисти на социјалната мрежа. “16 000 долари за борците на Ал Каеда и за групата, која ќе фати еден руски војник. Љубопитен сум да дознаам колку ли плаќаат за пилот на борбен авион на САД … веројатно многу повеќе “, пишува уредникот на WNU.