Ал Пачино убеден дека Кристофер Нолан му е лут затоа што одбил улога

од Nikola Popovski
268 прегледи

Откако дебитираше со криминалистичкиот трилер „Following“ во 1998 година, Кристофер Нолан стана еден од најголемите режисери на холивудската сцена, при што неговата рработа опфаќа сè, од психолошки трилери до суперхеројски блокбастери.

Тој има работено со најголемите и најдобрите како Леонардо ди Каприо, Кристијан Бејл, Елиот Пејџ, Силијан Марфи и Мајкл Кејн. Сепак, постои еден актер кој веројатно нема да го видиме повторно во филмовите на Нолан.

Ал Пачино соработуваше со Кристофер Нолан во 2002 година кога го сними „Insomnia“, приказна која го следи детективот од Лос Анџелес кој го истражува убиството на тинејџерка додека исто така се обидува да го прикрие сопственото злосторство.

Но, оттогаш Пачино не се појавил во ниту еден проект на познатиот режисер, при што актерот за „The Telegraph“ открил дека се сомнева во причината за тоа.

Долго време не ми понуди филм, а знаете зошто? Ќе ви кажам. Ме замоли да глумам во еден филм, а јас не го направив тоа, рекол тој.

Пачино не откри кој филм му е понуден, но додаде: „Мислам дека тоа го налути, но и самиот бев дрзок“.

Слични содржини