Албан Малиќи е назначен за почесен конзул на Мексико

од Vladimir Zorba
204 прегледи

Албан Малиќи е назначен за почесен конзул на Мексико со седиште во Скопје, соопштија вчера од Министерството за надворешни работи.

Оваа информација ја објави и на социјалните мрежи министерот Бујар Османи.

Во меѓувреме, и групацијата Малиќи, исто така, го објави неговото назначување за почесен конзул на Мексико.

„ Имаме особена чест да објавиме дека нов конзул на Соединетите Мексикански држави -Мексико во Република Северна Македонија е назначен Албан Малиќи, дел од Бордот на директори на Малиќи груп.

Албан Малиќи ја презема оваа важна функција со цел зајакнување на билатералните односи меѓу Мексико и Северна Македонија.

„Со голема чест денеска прифаќам нова задача, почесен конзул на Соединетите Мексикански држави – Мексико. Имам голема одговорност да продолжам таму каде што татко ми прерано застана, и како конзул да придонесам во промовирањето на трговијата, културата и туризмот меѓу двете земји. Оваа прокламација претставува нов почеток и сигнализира надеж за зајакнување на врските меѓу нашите две земји. Убеден сум дека со мојата енергија и големо искуство, овој мандат како конзул ќе го одбележам со успех. Со нетрпение ги очекувам првите активности за зајакнување на врските меѓу нашите народи“, вели господинот Албан Малиќи.

Срдечно му честитаме на г-дин Албан Малиќи и му посакуваме успех во новата задача, се вели во соопштението на Малиќи Груп.

Слични содржини