Лидерите на албанските политички партии од јужна Србија побараа од косовските власти забрана за увоз на српски учебници.

An Ethnic Kosovo Albanian waves European union, US and Albanian flags from a car in Pristina on February 16, 2008. Kosovo will declare independence on February 17, amid growing excitement among its ethnic Albanians, anger from its Serbs, and the launch of an EU mission to smoothen the birth of the world's newest state.      AFP PHOTO / DIMITAR DILKOFF

Претседателот на Националниот совет на Албанците во јужна Србија, Јонуз Муслиу изјави дека нивното барање е одговор на фактот дека на царинскиот терминал во Прешево запленети се повеќе од сто илјади учебници на албански јазик, кои се подарок на косовското Министерство за образование за Бујановац, Прешево и Медвеѓе.

Се проценува дека учебниците од Косово вредат 200 илјади евра, а во Националниот совет на Албанците нагласуваат дека од Управата на царината се уште не добиле одговор кога училиштата ќе ги преземат запленетите учебници.

Албанските ученици од 15 основни и четири средни училишта во Прешево, Бујановац и Медвеѓе вчера го бојкотираа првиот час од претпладневната и попладневната настава поради тоа што учебниците се уште стојат на царина.

– Првиот час од наставата го бојкотираа повеќе од илјада ученици. Државата спроведува дискриминаторска политика кон младите Албанци од јужна Србија. Оневозможено им е школување на албански јазик, што е загарантирано со Уставот на Србија, домашните и меѓународните прописи и акти. Проблемот со години не се решава, бидејќи Владата во Белград не дозволува користење на учебници од Косово, рече Муслиу./MИА

Слични содржини