Албанија планира да изнајми дел од своите подземни тунели од времето на комунизмот за одгледување на печурки, соопшти денеска владата во Тирана.

Пет тунели од речиси 1.500 метри квадратни кај Тирана ќе бидат понудени на период од 20 години, а тендерот ќе биде распишан на 18 јануари.
Во текот на 40 годишното владеење на комунистичкиот диктатор Енвер Хоџа кој умре во 1985 година, Албанија беше една од најизолираните земји на светот.
Во обид да се обезбеди од напад, власта изгради илјадници километри тунели и повеќе од 700.000 бункери.
Неколку тунели и бункери ќе бидат претворени во туристички атракции.