Албанија, Хрватска и Косово планираат мултинационални или НАТО вежби

Како што изјави хрватското Министерство за одбрана во одговор на порталот, воениот сојуз меѓу Албанија, Хрватска и Косово има за цел „да ја зголеми интероперабилноста на страните во мултинационални или НАТО вежби во различни области“.

од Vladimir Zorba
35 прегледи Фото: Јутјуб/Принтскрин

Воениот сојуз на Албанија, Хрватска и Косово ќе одржи мултинационални или НАТО вежби во различни области, вклучувајќи сајбер и пребарување и спасување, а планот за нивно одржување се очекува да биде финализиран во септември, пишува „Коха“.

Како што изјави хрватското Министерство за одбрана во одговор на порталот, воениот сојуз меѓу Албанија, Хрватска и Косово има за цел „да ја зголеми интероперабилноста на страните во мултинационални или НАТО вежби во различни области“.

Се додава дека формите на учество ќе бидат утврдени по заеднички разговори со експерти.