Албанија купува противтенковски ракети за да ја зајакне одбраната

од Nikola Popovski
241 прегледи

Албанија купи противтенковски ракети „Џавелин“ за да ја зајакне својата одбрана, изјави тамошниот министер за одбрана Нико Пелеши.

Во соопштението се наведува дека Албанија склучила договор со американската компанија „Lockheed Martin“, но не се наведува бројот на проектилите, цената и кога ќе бидат испорачани.

Пелеси рече дека целта на купувањето на проектил била модернизација на армијата.

„За да не дојде до паника, нема конкретна закана. Ние сме земја членка на НАТО и прашањето за националната безбедност е решено. Заштитени сме“, рече министерот.

Пелеши додаде и дека НАТО не претставува закана за ниту една земја, вклучително и за Русија.

Тирана ја поддржува политиката на „отворени врати“ на Алијансата, која вклучува влез на Финска и Шведска, за кои Пелеши рече дека се „две независни суверени земји со високи политички, правни и воени стандарди“.

Слични содржини