Албанија негира дека доставила нон-пејпер за Косово до Советот на Европа

од Vladimir Zorba
259 прегледи

Албанија не достави документ до Комитетот на министри на Советот на Европа, т.н нон-пејпер за да лобира за прием на Косово во Советот на Европа, но Приштина веќе го доставила, соопшти денеска албанското Министерство за надворешни работи за порталот „Албаниан пост“.

„Косовската страна објави нон-пејпер, а не ние“, соопшти албанското МНР, демантирајќи ги пишувањата на некои медиуми во Србија.

Нон пејперот е поднесен пред четири дена и во него се наведува дека кандидатурата на Косово ја поддржуваат голем број земји членки на Советот на Европа.

Слични содржини