Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски смета дека Албанија никогаш нема да стане дел од Европската Унија.
„Прв кажав дека ќе ги спојат Македонија и Албанија врз основа на договорот на Бујар Османи и поранешниот министер за надворешни работи на Албанија. Тогаш никој не веруваше, дури и од Влада испратија соопштение дека е научна фантастика. Таа научна фантастика се оствари, а ние останавме заедно. Изјавувам дека Албанија нема да биде членка на ЕУ. Не поради Албанија, туку поради погледите на ЕУ“, рече Николоски.
Од пред неколку дена, министерот се најде на удар од критики од бугарските политичари по изјавите во дебатна емисија дека бугарскиот претседател се однесувал како „нецивилизиран домаќин“. Вицепремиерот со коментар-непотребно Македонија ја внесуваат во предизборната тематика во Бугарија и најмалце мислам дека Македонија може да е одговор на седмите неуспешни избори со кои се соочува Бугарија.
„Јас останувам зад сè што сум кажал, а тоа е дека е некултурно, непристојно и нецивилизирано да ви дојде на гости претседател на држава, а вие да не го удостоите со ставање на знамето на државата којашто ја претставува. Нема оправдание за Румен Радев затоа што не го стави македонското знаме при посетата на Гордана Сиљановска Давкова како претседател на Македонија“, вели Николоски.
„Наша цел е Македонија да напредува, да стане членка на европската унија, да го изоди патот кон Европската унија, но тоа да биде гордо и достоинствено, а не понижени. Ние секогаш ќе ги браниме македонските национални интереси“, напиша вчера во дописот Николоски.