Албанија соопшти дека илјадници нивни мигранти во Британија се подготвени да работат бесплатно со цел да ѝ помогнат на земјата да излезе од кризата предизвикана од недостаток на гориво.
„Ако вашата влада го сака тоа, можеме да ви понудиме добри, сигурни возачи, 5.000 од нив, и тоа веднаш“, рече албанскиот амбасадор во Британија, Чирјако Чирко за „Гардијан“.
Чирко тврди дека 150.000 Албанци кои живеат во Британија тоа би го направиле во знак на благодарност кон Британците. Гардијан наведува дека, бидејќи голем број од нив се во земјата без документ, не е можно да се утврди колку квалификувани возачи на камиони има меѓу нив.
Но, Чирко верува дека многу од нив се способни возачи кои можат да помогнат во решавањето на кризата.
„Албанците се подготвени да работат за британската влада за да го надминат овој проблем, и без надомест. Не знам дали ги имаат соодветните дозволи, но ако ги имаат, сигурен сум дека би скокнале да помогнат“, истакнува тој.
Just when you thought you'd seen it all… #petrolcrisis
🎥: moheema pic.twitter.com/SPjwGcf0mH
— The Sun (@TheSun) October 3, 2021
„Албанците во Британија би работеле бесплатно за оваа земја поради се што направи за нив … Ние сме засекогаш благодарни на владата и армијата на оваа земја за она што го направија за нашите браќа на Косово“, рече тој, алудирајќи на бомбардирањето на Југославија од страна на НАТО.
Оваа година, британскиот министер за внатрешни работи Прити Пател потпиша указ за испраќање на сите Албанци без документи назад од земјата.
Чирко сега ги повика Британците да ги гледаат Албанците како корисни членови на општеството, а не како криминалци, бидејќи медиумите и институциите, вклучително и Националната агенција за криминал, ги претставуваат.
„”Се разбира, некои луѓе од мојата заедница се вклучени во криминални активности, но зошто е тоа важно кога станува збор за нивната националност. Националноста нема никаква врска со криминалот. Ако не велите за некој дека е лезбејка или хомосексуалец, тогаш зошто зборувате за албански криминалци“, рече тој и објасни дека спомнувањето на националноста ја криминализира целата земја.
Фото: Grant Falvey / Zuma Press / Profimedia