Албанија од денеска во Советот за безбедност на ОН

од Nikola Popovski
235 прегледи

Албанија од денеска е во Советот за безбедност на Обединетите нации откако првпат беше избрана за непостојана членка, а од Тирана велат дека тоа ќе биде можност за подобрување на позицијата на Косово.

Албанија е избрана во тоа својство за периодот кој ќе трае до 31 декември 2023 година, објави приштинска „Коха“.

Албанската министерка за надворешни работи Олта Џачка рече дека Албанија ќе ја искористи можноста за „да ја подобри позицијата на Косово, како и процесот на признавање и членство во меѓународните организации“.

Слични содржини