Три децении по падот на комунизмот, Албанија одлучи да ги продаде старите советски и кинески авиони, така што еден МИГ може да се купи за само 10.000 евра.
Албанските МиГ 17, 19 и 21 одамна се отпишани од употреба.

-Ние го усогласуваме нашето оружје со стандардите на НАТО, рече началникот на Генералштабот, генерал Бардхил Колчак.
-Што се однесува до МиГ, освен носталгијата, поради што ќе задржиме неколку во нашите музеи, другите се нудат на продажба, додаде Колчак.
Намера да „здомат“ од тие реликвии искажаа музеи, училишта и колекционери.