Албанија воведува полициски час од 1-ви септември

од Nikola Popovski
431 прегледи

Нови мерки за борба против коронавирусот ќе бидат воведени во Албанија од 1 септември, објави тамошниот Техничкиот комитет на експерти. Новите мерки вклучуваат повторно воведување полициски час од 23 часот до 6 часот наутро.

За да влезете во Албанија од 6 септември, ќе биде потребен сертификат за вакцинација или ПЦР-тест не постар од 72 часа, или потврда за прележан коронавирус не постар од шест месеци, пренесуваат албанските медиуми.

Како што е наведено, оние што немаат еден од тие три сертификати ќе одат на 10-дневен карантин.

Албанската заменик-министерка за здравство Мира Ракацољи, исто така, рече дека вакцинацијата ќе биде задолжителна за здравствените работници, учениците и наставниците кои ќе треба да се вакцинираат до 30 -ти септември.

Слични содржини