Албанија вторпат го презема претседавањето со Советот за безбедност на ОН

од Radmila Tasevska
352 прегледи

Албанија од утре го започнува своето второ претседавање со Советот за безбедност на ОН, изјави албанската министерка за Европа и надворешни работи Олта Џачка.

Таа оцени дека Албанија ја презема оваа важна задача во многу тежок момент на глобалната арена и нагласува дека нејзината земја веќе го има потребното искуство за успешно реализирање на задачата.

– Ова албанско претседавање со Советот за безбедност доаѓа во навистина тежок момент, кога светот се соочува со низа сериозни кризи и конфликти, од Украина до кризата со несигурност со храната како резултат на војната во Украина и политиките што ги спроведува Русија од Јемен, Судан и Блискиот Исток во целина, до кризата и несигурноста што владеат денес во Сахел, посочи Џачка.

Затоа, оценува Џачка, тоа е момент на кој, како никогаш досега, му е „потребна посветеноста на меѓународната заедница, а особено на СБ да го гарантира мирот и безбедноста во светот, да гарантира почитување на меѓународното право и Повелбата на ОН“.

Според неа претседавањето со СБ и дава можност на Албанија во голема мера, се разбира во тесна консултација со сојузниците и партнерите, да утврди каква ќе биде агендата на СБ за месец септември, кои се тие прашања што ќе го добијат вниманието на СБ, кои се оние ситуации кои ќе имаат корист од ангажманот на Советот за безбедност.

-Се разбира, за разлика од јануари 2022 година, кога првпат седнавме во Советот за безбедност, денес на нашето претседавање му пристапуваме со предноста на драгоценото искуство акумулирано во изминатите 20 месеци, но и со предноста што ни ја дава во очите на сојузници и партнери, многу успешниот и професионален настап што го имавме во овој мандат, рече Џачка.

Во врска со овој важен настан, премиерот Еди Рама се очекува да отпатува во седумдневна посета на за САД од 14 до 21 септември.

Слични содржини