– Бидејќи владата на премиерот Аљбин Курти, не презеде никакви чекори кон формирањето на Заедницата на српските општини (ССО), Франција побара од членките на Советот на Европа (СЕ) да ja одложат Одлуката за членство на Приштина во таа организација, пишува „Aлбанијан пост, повикувајќи се на дипломатски извори.
Порталот наведува дека, иако владата на Курти постојано тврдеше дека Приштина ги исполнила сите услови неопходни за членство во СЕ, земјите со одлучувачко влијание како Франција и Италија одамна го информирале Курти формирањето на Заедницата на српски општини ЗСО е непремостлив услов за членство во СЕ.
„Албанијан пост“ додава дека се чини дека процесот навлегол во одлучувачка фаза и дека последните вести за Приштина воопшто не изгледаат пријатно.