Албанка сакала да помине граница со туѓ пасош

од Vladimir Zorba
356 прегледи

На 03.12.2021 во 15.00 часот на Граничниот премин Табановце, на излез од државата, при пасошка контрола на Е.С.(24) од Р.Албанија било констатирано дека се послужила со туѓа патна исправа.

Извршен бил претрес над неа и багажот, при што не биле пронајдени нејзините оргинални документи, а по извршена дополнителна проверка било утврдено дека лицето поседува албанска лична карта со нејзиниот вистински идентитет, на име Н.С.(31) од Р.Aлбанија.

Таа била приведена и предадена на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Слични содржини