Албанска актерка бара „оставка“ од AI министерката на која ѝ го позајмила својот лик и глас

Именувањето на „Диела“ за прв министер создаден од вештачка интелигенција минатата есен привлече меѓународно внимание како иновација и обид за борба против корупцијата, но шест месеци подоцна, актерката Анила Биша, чиј лик и глас беа искористени за „оживување на Диела“, поднесе тужба, барајќи суспензија на министерката за вештачка интелигенција.

од Vladimir Zorba
8 прегледи Фото: Принтскрин/БНТ

Именувањето на „Диела“ за прв министер создаден од вештачка интелигенција минатата есен привлече меѓународно внимание како иновација и обид за борба против корупцијата, но шест месеци подоцна, актерката Анила Биша, чиј лик и глас беа искористени за „оживување на Диела“, поднесе тужба, барајќи суспензија на министерката.

Биша тврди дека нејзиното право да го користи нејзиниот лик и глас е прекршено, бидејќи нејзиниот договор дозволувал употреба само во рамките на е-Албанија, а кога Диела станала министерка, не била консултирана, ниту пак бил постигнат нов договор, објави „Балканвеб“.

Тужбата бара „да се преземе мерка за обезбедување на барањето, наложувајќи ѝ на трета страна да не ги користи личните податоци на подносителот на барањето Анила Биша, во врска со создавањето на аватарот на министерката за вештачка интелигенција, до крајот на судската постапка“.

Актерката тврди дека ѝ е нанесена „голема, непосредна и неповратна штета“ со користењето на нејзиниот лик и глас без дозвола, додека институциите што го создадоа и промовираа ликот на Диелa практично ѝ го ограничуваат правото на сопствен лик и глас.

Слични содржини