Албанска телевизија обвини функционери за интервенција со цел да се оневозможи успешна операција против шверц со дрога

од Nikola Popovski
145 прегледи

Албанската „ТВ Ора“ објави информации дека има прислушувања кои покажуваат дека функционери од владејачката коалиција во Македонија кои директно интервенирале за да се оневозможи успешна операција против шверц со дрога преземена од странска агенција. Телевизијата објавува дека бил вмешан и брат на поранешен премиер.

Дел од македонските медиуми објавија дека се работи за акција на американската агенција за борба против дрога ДЕА.

Досега нема никаква реакција, ниту од владејачките партии, ниту директно од лицето кое се обвинува.

Од прилогот на албанската телевизија не може да се извлече заклучок кога се случил настанот, каде, ниту пак за која странска агенција се работи.

Слични содржини