Албански државјанин осомничен за две тешки кражби во Струга

од Vladimir Zorba
217 прегледи

Основното јавно обвинителство Струга поведе постапка против 28-годишен државјанин на Албанија кој илегално престојувал во државава и за кого постои основано сомнение дека сторил две кривични дела – Тешка кражба според член 236 став 1 од Кривичниот законик.

На 9 февруари, осомничениот насилно влегол во две куќи во Струга, одземајќи таблет, телефони, накит, два велосипеди и други предмети.

Обвинителството до Основниот суд во Струга достави и предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постои опасност од бегство и можност да го повтори делото.

Имено, осомничениот заедно со уште едно лице биле осудени во 2019 година во Струга за кривично дело – Разбојништво при обид да ограбат обложувалница, што јасно упатува на неговата подготвеност да стори кривични дела и во иднина. Бидејќи станува збор за странски државјанин без регулиран престој во државава, кој не ја почитувал судски определената мерка за 8-годишно протерување од земјава, очигледно е дека осомничениот е подготвен илегално да ја минува границата и лесно да стане недостапен на органите на прогонот

Од тие причини, Судот го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство Струга и на осомничениот му определи притвор со цел да се обезбеди неговото присуство во текот на кривичната постапка.​

Слични содржини