Албанскиот извоз на земјоделски производи руши рекорди

од Vladimir Zorba
354 прегледи

Извозот на земјоделски производи од Албанија во Европската Унија и Балканскиот регион во текот на 2022 година се зголемил на повеќе од 473 милиони евра, што е највисока вредност досега, изјави министерката за земјоделство на Албанија, Фрида Крифца.

Во однос на 2021 година, извозот количински пораснал за 15,6 отсто, а вредносно за 18,1 отсто, покажуваат податоците на Министерството. Причина е инвестирање во синџири на снабдување и собирни складишта, пишува Euractiv, цитиран од Агротим.

Исто така, за тоа придонело и зголеменото производство и извоз на зелен зеленчук.

„Според статистичките податоци, најголем раст е остварен во окрузите со најинтензивно земјоделство во земјава, како што се Берат, Лушња, Фиер и Дивјаке, каде што во една сезона имало две берби. Меѓу главните извозни производи се оранжерискиот зеленчук, домати, краставици, пиперки, зелка, кромид, праз и слично“, рече Крифца.

Слични содржини