Албанскиот „крал“ на кокаинот уапсен во Турција, избегал од затвор во Еквадор (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
366 прегледи

Албански наркобос Дритан Реџепи (42) кој беше во бегство, е уапсен во петокот во Бејликдузу, во близина на турскиот главен град Истанбул. Тој е осомничен за транспорт на кокаин во големи размери што имал последици на Ндрангета, Камора и криминалните организации во Дубаи. Реџепи успеал да побегне од притвор во Еквадор во ноември 2022 година, пишува „Crimesite“.

Реџепи влегол во Турција користејќи лажна колумбиска лична карта под името Бенџамин Омар Перез Гарсија. при што бил забележан од Интерпол. Според меѓународните власти, Албанецот ја предводел една од најмоќните групи на балканскиот картел, кој бил вклучен во големата испорака на кокаин од Јужна Америка во Европа.

Али Јерликаја, турскиот министер за внатрешни работи, соопшти дека Реџепи е прогласен за виновен за убиство, шверц на дрога и киднапирање од страна на судските власти во Италија и Албанија. Албанскиот „крал“ на кокаинот бил баран откако успеа да побегне од затворот во Еквадор.

Реџепи е заведен во судски досиеја во најмалку десет земји за низа многу тешки (доживотни) кривични дела.

По апсењето на Реџепи во Бејликдуз, извршен е претрес во луксузна куќа во која наводно живеел Албанецот, каде се пронајдени големи суми пари, луксузни часовници и огнено оружје со соодветна муниција.

„Kompania Bello“ е картел именуван од италијанското правосудство како партнерство на четиринаесет албански криминални организации вклучени во трговијата со дрога. Ограноците на картелот биле активни во Еквадор, Холандија, Белгија, Албанија и Италија. Голем дел од кокаинот што го продавал картелот доаѓал од колумбискиот картел Норте дел Вале, кој се смета дека е поврзан со мексиканскиот картел Синалоа. Се верува дека тие стојат зад испораката на големи пратки кокаин до европските пристаништа, вклучувајќи ги Ротердам и Антверпен. Италијанската полиција и Европол извршија десетици апсења во 2020 година во истрагата за мрежата.

Реџепи во 2015 година во Еквадор бил осуден на 13 години затвор за трговија со дрога. Тој бил задржан во затвор во Гвајакил, а потоа во затворот Латакунга. Медиумите тврдат дека Реџепи имал мобилен телефон во ќелијата. Безбедносната ситуација во затворите во Еквадор е лоша, а контролата на забранетите стоки од страна на властите практично не постои.

Слични содржини