Албанскиот парламент ја отфрли резолуцијата за Сребреница

од Nikola Popovski
325 прегледи

Владејачкото мнозинство во албанскиот парламент ја отфрли Резолуцијата за признавање на геноцидот во Сребреница, што ја иницираше поранешниот премиер Сали Бериша. Против резолуцијата гласаа 51 пратеник во албанскиот парламент, а „за“ 15 гласаа.

По гласањето Сали Бериша ги обвини пратениците од мнозинството дека гласале по „наредба на Александар Вучиќ“, јавуваат албанските медиуми.

Тој оцени дека „Албанија никогаш не била толку антиалбанска како што беше за време на актуелниот премиер Еди Рама“.

„Ја заборавивте крвта на 8.000 босански мажи и деца и животите на повеќе од 100.000 Албанци на Косово. Што да очекувате од робот на Александар Вучиќ? Како можете вие ​​Албанците да гласате така“, рече Бериша.

Слични содржини