Албанските граѓани први од оние од Западен Балкан по апликации за азил во земјите на ЕУ

од Radmila Tasevska
338 прегледи

Албанските граѓани и понатаму се први на списокот на баратели на азил од земјите на Западен Балкан,  во земјите на Европската унија, објави Топ чанел.

-Според  последниот извештај на Европската агенција за азил, во ноември лани, Албанците поднеле околу 892 барања за азил. Втори на листата се Македонците со 711 барања, Србите со 507, граѓаните на Косово со 281 барање, а потоа следат Босна и Црна Гора, наведува телевизијата.

Според извештајот најпосакуваните земји од ЕУ за  граѓаните од Балканот се Франција, Германија и Италија.

-Албанците имаат и најголем број барања за азил кои се во тек на разгледување во земјите од Европската унија.  Но, сите барања за азил од земјите од регионот кои се испитуваат во земјите на ЕУ се со исклучително низок степен на прифаќање, посочува телевизијата.

Поточно, албанските граѓани  имаат само 0,55% од разгледаните барања кои се прифатени, додека ниту една од балканските земји не надминува 1% од прифатените барања за азил.

Слични содржини