Алберт од Рико за „Локално“: Позитивен напредок е гласот на младите во рамки на институционалните одлуки

304 прегледи

Ова е меѓународна институција во рамки на Западен Балкан и е резултат на берлинскиот процес, односно отворање на вратите на ЕУ, за Западен Балкан.

Се трудиме да градиме институционални механизми, велат од таму и додаваат:

„Сакаме да просперираме во регионот. Нашата визија е култура на мобилност, интеркултурни предизвици, како и развој на демократијата, аспирациите во полето на социјалната и економска сигурност, како и Европската интеграција насочена кон Западен Балкан“, посочи Никола Ристиќ инаку претставник од канцеларијата на РИКО во Тирана.

Алберт Хани  од канцеларијата на РИКО во Скопје ги посочи и работите на кои се фокусира оваа институција и кои се заложбите врз кои се темели.

„Се трудам да ви покажам која е функцијата на РИКО како една од најважните владини служби, бидејќи сме на страна на младите. Па оттаму, да се промовираат вредностите.

Ние низ нашите повици ги поддржуваме финансиски средните училишта, но и такви кои имаат партнерства со други училишта од Западен Балкан.

Работиме со граѓанските и младински организации, кои нудат решенија за регионот од Западен Балкан. И така преку грантирање на овие целни групи, се трудиме да креираме култура на помирување и мобилност кај младите.

Слушајќи го гласот на младите, сакаме сите идеи да ги слушнат владините служби и истите да добијат регионална димензија.

Нашата канцеларија се труди да креира отворено општество, со што институциите ќе им овозможат на младите да носат одлуки во нивна корист, идентично како што се трудиме и младите да бидат дел од одлуките кои подоцна се имплементираат.

Исто така, германското министерство за надворешни работи беше дел од креирањето на овој настан.

Навистина беше тешка оваа 2020. година, па оттаму ни беше тешко да ја планираме и следната година, но во нашиот акционен план имаме активности кои опфаќаат градење на капацитети кај младите, пишување на проекти, и со ист интензитет нудиме обуки за помладите граѓански организации, кои работат во проблематиката со младите“, истакна Алберт Хани.

На новинарско прашање, колкав е одзивот и во колкава мера се слуша гласот на младите во рамки на владините служби, претставникот на РИКО канцеларијата во Скопје Алберт Хани, за „Стандард“ вели:

Позитивен напредок е гласот на младите во рамки на институционалните одлуки. Истите ја препознаваат моќта на Рико. Секогаш кога лобираме помеѓу младите се обраќаме до директорот на агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсоски. Досега се одобрени околу 12 проекти, и уште 40тина се во подготовка во однос на регионалната соработка. Грантираните проекти досега биле навистина креативни, и доаѓаат до храбри идеи. Креирање на онлајн игри и апликации, па се до жустри дебати помеѓу младите каде разговарале за чувствителни теми, но и учеле едни од други.

Досега имаме четири повици и каде вршиме инфо сесии. Сумирано, грантовите досега биле до 35.000 евра. Разликата постои и во разликата дали се работи за средно училиште или граѓанска организација.

Слични содржини