Албиол: Снемавме сила во второто полувреме, тажна ноќ за нашиот клуб

од Vladimir Zorba
279 прегледи

Дефанзивецот на Виљареал, Раул Албиол беше крајно разочаран по поразот со 2:3 од Ливерпул во реванш полуфиналето на Лигата на шампионите. „Жолтата подморница“ водеше со 2-0 на полувремето, но не успеа да го издржи притисокот на противникот во вториот дел.

Според Албиол, првиот гол на екипата од Мерсисајд бил клучен момент на натпреварот, кој му нанел големи загуби на неговиот тим. Тој смета дека големите тимови знаат да постигнат гол во важни моменти.

„Првиот гол ни нанесе сериозна штета. Скапо го плативме трудот што го вложивме во првото полувреме во кое одигравме толку добро. Физичката сила ни се намали по паузата и тоа се покажа решавачко – Ливерпул е многу силен физички. Ова е тажна ноќ за нашиот клуб. Знаевме дека реваншот ќе биде тежок. Луис Дијаз ја промени играта на противникот и тие постигнаа гол во првата прилика. Фактот што не успеавме да го задржиме нивото од првото полувреме се покажа како одлучувачки”, изјави Албиол. .

„Навистина сакавме да ги израдуваме нашите навивачи со нашето прво учество во финалето на Лигата на шампионите. Нè боли што не го направивме тоа. Ќе продолжиме да ги правиме работите на најдобар можен начин – тоа не донесе овде. Тоа е и единствениот пат напред, кога не си успеал да го исполниш твојот сон“, рече дефанзивецот.

„Големите тимови имаат способност да постигнат гол кога ќе добијат шанса. Тоа го видовме на минатонеделниот натпревар помеѓу Сити и Реал. Тоа го издвои Ливерпул од нас во ова полуфинале – немаа многу повеќе позиции, но тие постигна гол кога беше важно. Големите тимови го умеат тоа. Во фудбалот головите се поважни од се друго“, заклучи ветеранот.