Алегри не гарантира дека ќе остане во клубот и следната сезона

од Симе Стоиков
156 прегледи

Tренерoт на Јувентус, Масимилијано Алегри изјави дека не може да гарантира дека ќе остане во клубот и следната сезона.

Сопственикот на клубот Џон Елкан во четвртокот изјави дека следната сезона ќе биде „нулта година“ за Јувентус под водство на новиот спортски директор Кристијан Гинтоли, а пред една година тој го нарече Алегри „референтна точка“ за иднината на клубот.

„Елкан кажа важни работи кои го истакнаа она што беше кажано пред три години. Секоја сезона мораме да воведуваме играчи од нова генерација во првиот тим. Работата ќе продолжи и во наредните години со директорот Гинтоли“, рече Алегри, пренесе Фудбал Италија.

Тој на прес-конференцијата беше прашан за иднината. И покрај тоа што неговиот договор истекува во 2025 година, се шпекулира дека раководството на клубот сака да ја прекине соработката со 56-годишниот тренер.

Алегри рече дека не може да гарантира дека ќе остане.

„Сега треба само да размислуваме за нашите цели, тие се над се. Мислам дека со пласманот во Лигата на шампионите се во игра 100 милиони евра, па сега тоа е главната цел и сите се вклучени. Што се однесува до иднината, како и секогаш, клубот ќе одлучи што е најдобро. Сега е најдобро сите да се држиме заедно и да играме за оваа цел“, рече Алегри.

Јувентус е трет во поредокот на седум кола пред крајот на Серија А, а пласман во Лигата на шампионите сигурно ќе обезбедат првите четири екипи.

Слични содржини