Алек Болдвин поднесе тужба поради наводно злонамерно гонење за убиството на снимателката Хачинс

од Vladimir Zorba
5 прегледи

Американскиот актер Алек Болдвин поднесе граѓанска тужба за злонамерно гонење и кршење на неговите граѓански права во врска со обвиненијата за убиство на снимателка на сетот на вестерн-филмот „Rust“.

Тужбата беше поднесена во четвртокот пред државниот окружен суд во Санта Фе, Ново Мексико, каде што судијата во јули го отфрли обвинението за убиство од небрежност против Болдвин за смртта на снимателката Халина Хачинс.

Болдвин во тужбата тврди дека обвинителите и истражителите намерно погрешно постапувале со доказите додека го воделе случајот, објави АП.

Тој поднел обвиненија против специјалната обвинителка Кари Морисеј и окружната обвинителка во Санта Фе Мери Кармак-Алтвис, како и истражителите од Канцеларијата на шерифот на округот Санта Фе.

Болдвин во тужбата тврди дека на секој чекор го користеле како жртвено јагне „за делата и пропустите на другите, без оглед на доказите или законот“.

Хачинс почина набргу откако беше повреденa за време на пробата за филмот „Rust“ во октомври 2021 година на ранч на периферијата на Санта Фе.

Алек Болдвин, главниот актер и копродуцент, вперил пиштол во Хачинс кога била застрелана, а режисерот Џоел Соуза бил ранет.

Болдвин рече дека не го повлекол чкрапалото, но пиштолот пукнал.

Слични содржини