Дивата на светската музичка сцена Џенифер Лопез веќе неколку години ужива во љубовта со поранешниот бејзбол играч Алекс Родригез, кој навистина се обиде да ја изненади за Денот на вљубените.
Дека тој успеал во својата намера, потврдуваат и снимките што Џеј Ло ги објави на својата сметка. Имено, поранешниот спортист изнајмил соба во хотел, и ја украсил со балони, ливчиња од роза и свеќи.
Сè започна ноќта пред Денот на в вљубените, а Алекс го украсил креветот со ливчиња од роза каде што беа испишани првите букви од нивните имиња, а сето тоа беше врамено во срце, исто така направено од ливчиња.
Балони имаше од сите страни, а во соседната соба имаше знак со натпис „Те сакам“.
