Алекс Родригез го возвраќа ударот: Се гледа со поранешната на Афлек

од Nikola Popovski
358 прегледи

Во моментов, најпознатиот љубовен триаголник стана четириаголник, а го сочинуваат Алекс Родригез, Џенифер Лопез, Бен Афлек и Линдзи Шукус.

Имено, веќе е познато дека по повеќе од 20 години, Џенифер Лопез и Бен Афлек ја обновија врската, а фоторепортерите постојано ги фаќаа во прегратки и бакнежи.

Очигледно не ја кријат врската, па децата кои Лопез ги имаше со Марк Ентони исто така поминаа време со ново-старата двојка, а фактот дека семејството ја поддржува врската е јасно од фактот дека Афлек дури бил виден во казиното со Гвадалупе Родригез, мајката на популарниот Џеј Ло, која наводно никогаш не прежалила што Џенифер и Бен ја раскинале свршувачката во 2000-тите неколку дена пред планираната венчавка

Она што е ново (и веднаш се поставува прашањето дали станува збор за одмазда), е дека сега може да се видат Алекс Родригез, поранешниот свршеник на Лопез и Линдзи Шукус, поранешната девојка на Афлек. Двајцата биле фатени заедно за време на викендот на нејзината роденденска забава, а видеото е во сопственост на порталот „Пејџ Сикс“.

Во видеото, Родригез седи покрај Шукус на собир во задниот двор на куќа во Хемптонс, каде што Џош Бекерман, познат како „Фуди магионичар“, изведува шоу за „Saturday Night Live“, и, патем, и Шукус е телевизиски продуцент кој работи на проектот. Иако изгледаат прилично блиски, „Пејџ Сикс“ пишува дека од нивните извори дознале дека двајцата се всушност само долгогодишни пријатели.

Инаку, Родригез очигледно е сè уште е слободен, и по секоја цена сака да најде нова љубов што е можно поскоро. Тој неодамна изнајми вила во Хамптонс, а исто така беше виден како вечера со мистериозна бринета, која наводно е негов деловен соработник.

Слични содржини