Александар Караѓорѓевиќ: Ќе ми недостасува принцот Филип, имаше фантастична смисла за хумор

од Stefanija Kuzmanovska
467 прегледи

Војводата од Единбург, принцот Филип, беше голем човек на кого многу му се восхитував. Многу ќе ми недостасува, изјави принцот Александар Караѓорѓевиќ за „Нова.рс“ по повод смртта на војводата од Единбург.

Принцот Александар потсети дека принцот Филип бил братучед на неговата мајка, кралицата Александра.

„Мојата сопруга и јас често се гледавме со војводата, особено на разни настани во Бакингемската палата, замокот Виндзор, но и на други места. Имаше фантастична смисла за хумор. Тој беше исклучителен офицер и храбар човек. На мојата сопруга и на мене многу ќе ни недостасува. Упатуваме најдлабоко сочувство до кралицата Елизабета“, се вели во писмената изјава на Александар Караѓорѓевиќ доставена до редакцијата на „Нова.рс“.

Принцот Филип, сопруг на британската кралица Елизабета Втора, почина денес во замокот Виндзор на 99 години.

Слични содржини