Александар Николоски на мониторинг комитетот на ПС на СЕ

од Vladimir Zorba
72 прегледи

timthumb

Пратеникот Александар Николоски учествуваше на денешниот состанок на Мониторинг комитетот на Парламентарното собрание на Совет на Европа во Тирана како преставник на ВМРО-ДПМНЕ.

На состанокот, како што соопшти ВМРО-ДПМНЕ, зад затворени врати било разговарано за напредокот на Македонија во исполнувањето на обврските кон Советот на Европа, како и успешното надминување на политичката криза со предвидените предвремени избори на 11. декември.

Македонија е во пост мониторинг дијалог со Советот на Европа./а1он