Потпретседателот на Народната партија, Мирослав Алексиќ, денес изјави дека водачот на криминалната група Вељко Беливук е само дел од организираната криминална група која управува со Србија и „чиј шеф е претседателот на Србија, Александар Вучиќ“, пренесе „Бета.рс“.
„Наводите за криминална поврзаност меѓу претседателот Александар Вучиќ, премиерката Ана Брнабиќ и министерот на полицијата Александар Вулин се работа за истражните органи, но многу се сомневам дека тие ќе се занимаваат со тоа, бидејќи Беливук беше член на групата на Вучиќ“, рече Алексиќ за денешното издание на „Данас“.
Тој додаде дека наводот од исказот на Беливук, објавен од истражувачкиот портал „Крик“, дека членовите на неговата група го нарекувале Вучиќ „шеф“, е доказ дека претседателот на државата стои на врвот на криминалната пирамида.
„Оваа изјава на Беливук е сигурна причина зошто претходните денови на телевизијата Пинк и во режимските таблоиди се прикажуваше пропаганда против Беливук со прикажување на трупови и отсечени нозе“, рече Алексиќ.