Италијанскиот автомобилски бренд Alfa Romeo во својот нов SUV модел Tonale ќе користи незаменливи токени (NFT), кои неодамна се здобија со зголемена популарност во областа на дигиталната уметност, објавија од компанијата.
NFT се уникатни дигитални средства кои не можат да се заменат со ништо друго и се автентицирани и складирани со користење на блокчејн технологија, што го прави хакирањето или доведувањето во заблуда на системот тешко или невозможно.
NFT се најпопуларни во дигиталната уметност, но тие можат да се користат за сè – од музика до домени на веб-страници, а сега и во автомобили.
Alfa Romeo, која е во сопственост на Stellantis (поранешен Fiat Chrysler), известува дека Tonale NFT, за која компанијата вели дека е прв во автомобилската индустрија, го сертифицира автомобилот кога го купува, а потоа ги снима и складира податоците во текот на животниот циклус на автомобилот.
Според Alfa Romeo, NFT ќе снима податоци за автомобилот, генерирајќи сертификат кој може да се користи како потврда дека автомобилот е добро одржуван, што пак може да има позитивен ефект врз неговата резидуална вредност. Сепак, автомобилот мора да го сервисира овластен дилер на Alfa Romeo за да може овие податоци да бидат снимени.
Компактниот SUV модел од 2023 година, Tonale, е почеток на крајот на моторите со внатрешно согорување на Alfa Romeo, изјави за CNBC Лари Доминик, кој е задолжен за операциите на компанијата во Северна Америка.
Марката, со историја од повеќе од 110 години, планира да продава само електрични автомобили до 2027 година. Во овој период, компанијата планира да лансира пет нови модели или модели за замена, вклучувајќи го и својот прв целосно електричен автомобил за Северна Америка во 2025 година.
„Сите модели тогаш ќе бидат електрични. До крајот на 2027 година веќе нема да продаваме автомобили со мотори со внатрешно согорување“, вели Доминик.
За САД, Tonale ќе биде достапен со основен дволитарски, четирицилиндричен мотор со 256 коњски сили. Компанијата ќе понуди и хибридна верзија со 1,3-литарски мотор со 272 коњски сили и електромотор.
Автомобилот е базиран на концептен модел со исто име, кој компанијата го покажа во 2019 година.
Според Alfa Romeo, нарачките за новиот Tonale ќе бидат достапни од четвртиот квартал, а испораките ќе започнат во првиот квартал на 2023 година. Компанијата не ги објави цените.
Tonale е само четвртиот производ на Alfa Romeo откако брендот се врати во САД во 2014 година по речиси 20-годишно отсуство.
Производителот на автомобили има продадено помалку од 19.000 автомобили годишно од 2019 година, откако продаде 23.800 во 2018 година. Во споредба со BMW, со кој Alfa Romeo мораше да се натпреварува, продаде 93.000 автомобили во САД во четвртиот квартал минатата година.