Уште една марка ја повлече рачната сопирачка и го запре преминот кон чисто електрична мобилност.
Последниот во серијата брендови што ги ревидира своите планови за електрична енергија е Alfa Romeo. Електричната иднина сега е под знак прашалник, и транзиција кон т.н мулти-енергетска стратегија. Со други зборови, Alfa направи пресметка и заклучи дека би било паметно да се задржат „фосилите“ во понудата.
Тоа е особено видливо во Америка, каде италијанскиот бренд се бори за посилно присуство и подобри продажни резултати. Минатата година продадоа само 8.865 автомобили во САД, што е пад од дури 19%. Падот дополнително се зголеми во последниот квартал од минатата година.
Крис Феуел, неодамна назначениот шеф на Alfa Romeo за Северна Америка, го потврди пресвртот, истакнувајќи дека промената е направена во текот на изминатиот месец.
„Најголемото нешто во нашиот производ и технолошки план е преминот од она што беше само стратегија за електрично возило со батерии за Alfa кон онаа која е мултиенергетска“, објасни Феуел.
Да потсетиме дека раководството на Alfa Romeo претходно најави дека до 2027 година целата гама ќе биде електрична. Исто така, моделот Tonale лансиран во 2023 година требаше да биде последниот бензински модел. Сега се дозна дека новите Giulia и Stelvio нема да бидат исклучиво електрични. Тие ја преземаат платформата STLA Large, а освен хибриди, ќе се нудат и верзии со мотори со внатрешно согорување.