Али Ахмети: Црвенеам од нивниот срам, ни ги донесоа Путин и Вучиќ во Влада

од Илинка Илиоска
959 прегледи

По дипломатскиот скандал на скопскиот аеродром против претседателката на Косово Вјоса Османи, реагираше и Али Ахмети, лидерот на Демократската унија за интеграција ДУИ.

Ахмети на својата Фејсбук страница пишува: „Почитувана претседателке, многу ми е жал за неприфатливиот дипломатски инцидент и скандал на скопскиот аеродром и го осудувам во најостра можна форма.

Јас црвенеам од нивниот срам и ги молам сите браќа и сестри во Косово, но и на нашите граѓани да им простат затоа што не знаат што прават.

Кога не се срамат да газат врз сопствениот народ, врз демократската волја на граѓаните на избори и да се стават во вазална и сервилна служба на некој друг, носејќи ги Путин и Вучиќ во Влада, тогаш никој нема да ги прашува за што било и ќе не срамат секој ден, по неколку пати на ден“. заклучува Ахмети.

Слични содржини