Претседателот на ДУИ Али Ахмети испрати писмо со сочувство до претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган, по повод терористичкиот напад во Анкара.
– Сите ние при Демократската унија за интеграција им се приклучваме на напорите за спротивставување на тероризмот и изразуваме целосна солидарност кон турскиот народ споделувајќи ја болката со вас во овие тешки моменти за вашата земја, стои во писмото.
Во него се додава дека жртвите и повредените од овој страшен напад се молитвите на сите наши граѓани.- Убеден сум, се додава, дека семејствата на жртвите и повредените, но и Турција ќе ја надмине оваa трагедија со безрезервната поддршката на сите пријатели на демократска Турција./МИА
