Алиев и Путин телефонски разговарале за ситуацијата во Нагорно-Карабах

од Radmila Tasevska
352 прегледи

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев разговараше со неговиот руски колега Владимир Путин за ситуацијата во Нагорно-Карабах, а двајцата лидери се согласија да ја интензивираат работата на преговорите на највисоко ниво во согласност со трилатералните договори со цел да се воспостави мир и стабилност во регионот, јави агенцијата Анадолија.

Кремљ соопшти дека Путин имал телефонски разговор со Алиев во врска со Нагорно-Карабах.

Се наведува дека Путин и Алиев го свртеле вниманието на важноста од доследно спроведување на договорите постигнати со помош на руските мировни сили за целосен прекин на конфликтот во Нагорно-Карабах, а во овој контекст е констатирано и големото значење на преговорите меѓу азербејџанските власти и ерменските претставници од нагорно-Карабах, кои почнаа со посредство на руските мировни сили.

За време на разговорот, Путин ја истакнал важноста од обезбедување на правата и безбедноста на ерменското население во Нагорно-Карабах.

Азербејџанската страна потврди дека е подготвена да комуницира со руските мировни сили за овие прашања.

Путин и Алиев постигнале договор за интензивирање на работата на преговарачкиот пат на највисоко ниво во согласност со трилатералните договори, вклучително и одредување на границата меѓу Азербејџан и Ерменија и активирање на подготовка за мировен договор меѓу Баку и Ереван.

Алиев се извини и изрази длабоко сочувство за трагичната смрт на воениот персонал на руските мировни сили во Нагорно-Карабах на 20 септември и нагласи дека ќе биде спроведена сеопфатна истрага за инцидентот и оти одговорните ќе добијат соодветна казна.

Слични содржини