Алиев со сопругата ги посети градовите во борбената зона на Нагорно Карабах (видео)

од Nikola Popovski
662 прегледи

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев ги посетил градовите Физули и Џебриел, над кои ја презеде контролата азербејџанската армија и кои се наоѓаат во близина на борбената зона во Карабах.

„Претседателот на Република Азербејџан, Илхам Алиев и првата дама Мехрибан Алиева ги посети градовите Физули и Џабриел, кои се ослободени од окупација“, соопштила прес-службата на Алиев.

Договор за Карабах

Лидерите на Русија, Азербејџан и Ерменија, Владимир Путин, Илхам Алиев и Никол Пашинјан, на 10 ноември потпишаа заедничка изјава за целосен прекин на непријателствата во Нагорно Карабах. Според изјавата, дел од регионот е ставен под контрола на Азербејџан, страните ќе разменуваат затвореници, а руските мировници ќе бидат распоредени долж контактната линија и долж коридорот Лачин што го поврзува Карабах со Ерменија.

Според Министерството за одбрана на Русија, рускиот мировен контингент во зоната на конфликти во Нагорно Карабах ќе вклучува 1960 војници, 90 оклопни транспортери, 380 единици автомобили и специјална опрема.

Слични содржини