Алијанса на Албанците ќе размисли дали утре ќе оди на средба со Заев

од Берта Китинска
177 прегледи

Најавата доаѓа од Арбен Таравари, генералниот секретар на политичката партија Алијанса, Арбен Таравари изрази сомнеж дека на најавената средба  која премиерот Зоран Заев ја закажа за да се разговара на темата одложување рокот за локалните избори и пописот со опозициските партии ќе се одржи.

– Се сомневам дали ќе седиме и не знаеме дали треба да седиме со нив на маса. Но, повторно има партиски тела кои денес ќе одлучуваат. Имаме сериозни дилеми дали вреди да седнеме со личност која ја менува изјавата пет пати на ден. Човекот не е сериозен и тешко е да се најде заедничко решение со него. Тоа што го ветува денес, утре не го исполнува, изјави градоначалникот на Гостивар и секретар на АА.

Слични содржини