Алијанса нема да ги поддржи уставните измени доколку не се повлече „20 отсто“ од Уставот

од Nikola Popovski
187 прегледи

Потпретседателот на Алијанса за Албанците (АА) Арбен Таравари смета дека владеачкото мнозинство во моментов ги нема потребните две-третини во Собранието за отворање на Уставот и внесување на бугарското малцинство.

Таравари постави услов при кој неговата партија ќе ги поддржи уставните измени.

-Осумте пратеници од нашата партија ќе ги поддржат уставните измени, под услов терминот „20 проценти“, кој се однесува на бројот на албанци во Северна Македонија, да биде избришан од Уставот. Бараме да се повлече делот со „20 отсто“, изјави Таравари на прес-конференција.

Според него, сѐ поизвесни се избори.

– ВМРО-ДПМНЕ досега неколку пати го повтори ставот дека нема да поддржи уставни измени, додека вчера Владата ја дефинираше преговарачката рамка од која премиерот Ковачевски очекува земјата по осум години земјата да стане полноправна членка на ЕУ. Тоа се дијаметрално спротивни ставови. За да нема предвремени избори, ќе мора сите политички субјекти да се ангажираат и да ја дадат својата поддршка за уставните измени, рече Таравари.

Слични содржини