434
Алијанса за Албанците има нов кандидат за градоначалник за Општина Боговиње која досега ја водеше нивниот член Албон Џемаили.
-Алијанса за Албанците и Алтернатива со мнозинство гласови избраа нов кандидат за градоначалник на Боговиње, Садик Сулејмани. Актуелниот прв човек на општината Албон Џемаили му честиташе на новиот кандидат и му посака успех во кампањата, ветувајќи негова поддршка. Во пресрет на локалните избори според состојбата на терен, Алијанса за Албанците уште еднаш покажа демократска вредност, каде што секој член има право да се натпреварува, соопштија од Алијанса за Албанците, пренесува МИА.