Алијансата на Албанците по најавите за укинување на балансерот: Мицкоски да не мисли дека сите Албанци се како неговите сервили

од Илинка Илиоска
104 прегледи

„Нелегитимната власт започна со имплементација на планот против правична и соодветна застапеност на Албанците и другите етнички заедници во државните институции. Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски денеска го најави првиот чекор кон укинување на Балансер, враќање на процентот само на резидентни лица, со што застапеноста на Албанците повеќе нема да биде 30 отсто, туку се враќа чекор назад на 25 отсто“, велат од Алијансата на Албанците и додаваат:

За да не се задоволи со ова, тој предупредува и на законски измени за целосно укинување на овој механизам, кој е еден од главните столбови на Охридскиот договор. Во меѓувреме, пред овој опасен и штетен проект за сите етнички заедници во државата, партиите од коалицијата кои ги загубија изборите седат со скрстени раце и затворена уста. Пред очите на партиите кои себеси се нарекуваат Албанци, по две децении од потпишувањето на Охридскиот договор започнува најтешката дискриминација и мајоризација.

Ја повикуваме нелегитимната власт итно да ги прекине овие игри кои и штетат на меѓуетничката кохезија, на правата на етничките заедници и можат да донесат сериозни последици за иднината. Премиерот Христијан Мицкоски, кој прв најави укинување на Балансерот, да не мисли дека сите Албанци се како неговите сервили, кои тој самиот ги избра за послушен партнер во неговите застрашувачки проекти.

Слични содржини