Алијансата за позитивна Македонија (АПМ) нема да учествува на изборите кои се планирани да се одржат на 5 јуни 2016, под сегашниве услови и околности ако меѓународната заедница, како гарант на Договорот од Пржино, не гарантира дека се создадени условите за фер и демократски избори, информираат од партијата.
АПМ смета дека Договорот на политичките партии од јуни и јули 2015 година, не е исполнет во целост, а особено не во најчувствителните и најзначајните делови за одржување на фер, демократски, веродостојни избори што на идниот парламент и влада треба им дадат полн легитимитет од страна на граѓаните за да ја водат државата.
АПМ денеска одржа состанок на Главниот одбор и го избра професорот Рубин Земон за претседател на партијата.
