Алиу и Меџити: Нема да поднесеме оставка, АА е единствена

од Radmila Tasevska
354 прегледи

Нема да поднесеме оставка, ниту цениме дека партијата ќе бара наше разрешување, изјавија вечерва министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу и министерот за здравство, Фатмир Меџити.

Според нив, Алијанса за Албанците е единствена, нема крило, има легитимни органи и легитимен претседател – Арбен Таравари.

Како што рече Алиу, група во партијата за нивни цели кои ние навистина не ги знаеме во моментов, се здружи со ДУИ и прави таков отпор за АА да оди заедно со ДУИ на изборите.

-Ќе се бориме до крај за да докажеме дека ова што се случува со активистите во нашата партија, прво не е во ред и не е демократски и најверојатно им пречат резултатите, што ги имаат министрите на АА. Најверојатно очекуваат да не фатат на кондиција да дадеме оставка, но од вечерва им велам, дека оставка од нас нема да има. Ако имаат други можности и методологии нека пробаат, изјави Алиу, на прес-конференција од пред Владата.

Слични содржини