АЛКАЛОИД АД Скопје објави дека седницата на годишното Собрание на акционери на Друштвото ќе се одржи на ден 01.04.2024 година со почеток во 08:00 часот во деловните простории на Друштвото, Бул. Александар Македонски бр. 12, Скопје, Република Северна Македонија.
Управниот одбор на АЛКАЛОИД АД Скопје на седницата одржана на ден 29.02.2024 година донесе Предлог-Одлука со која му предлага на Собранието на акционери исплата на дивиденда за 2023 година во износ од 540,00 денари бруто односно 486,00 денари нето по акција, што во однос на исплатената дивиденда по акција за претходната година од 490,00 денари бруто односно 441,00 денари нето е поголема за 10,2%.
За исплатата на дивиденда и персонален данок на личен доход компанијата ќе издвои над 770 милиони денари.
Исплатата на дивидендата ќе започне од 15.05.2024 година. Дивидендата ќе биде исплатена во готово на трансакциски сметки на акционерите.