Посветеноста на постојан раст и развој и следењето на трендовите и на најновите достигнувања во сферата на фармацијата се главните причини поради кои во изминатите две децении АЛКАЛОИД АД Скопје се задржа на курсот на континуирано инвестирање, вложувајќи повеќе од 250 милиони евра, соопштија од компанијата по повод Бизнис-планот за 2026 година, кој е донесен со одлука на Управниот одбор на АЛКАЛОИД АД Скопје на седницата одржана на 29.12.2025 година.
Во согласност со долгорочната развојна стратегија, односно со 20-годишниот инвестициски развоен план, во последните неколку години се изградени нов погон за производство на полуцврсти фармацевтски форми, нов погон за пакување лекови, нов магацински простор за складирање
суровини, како и нов погон за производство на цврсти форми (фармацевтски препарати), најзначајната инвестициска активност. Во таа насока, а со цел соодветно зголемување на капацитетите и во Контрола на квалитет – фармација, во 2025 беше пуштена во употреба новата микробиолошка лабораторија за контрола на квалитет која има капацитет да изведува околу 20.000 различни микробиолошки анализи годишно, a во неа работи 21 високостручно лице.
„Континуирано вложуваме во нови производствени опреми и во инсталирање најсовремени технолошки линии за производство, при што се создадени услови за неколкукратно зголемување на производствените капацитети. Сите инвестиции во производствените капацитети на Фармација се изведени во согласност со најсовремените GMP-препораки за производство на фармацевтски производи“, велат од комапнијата.
Бизнис-планот за 2026 година предвидува инвестирање на околу 8 % од консолидираните приходи од продажби во материјални и во нематеријални средства.
Истражување и развој
Истражување и развој во АЛКАЛОИД АД Скопје повеќе децении има реномирана репутација како истакнат сегмент за истражување и за воведување нови производи, нови технологии, аналитички методи и услуги, кои обезбедуваат раст на богатото портфолио на АЛКАЛОИД, со грижа за заштитата
на животната средина, како и на здравјето и на безбедноста при работа.
Издатоците за истражување и развој низ годините наназад континуирано растат, резултирајќи со повисоки стандарди за квалитет, кои придонесуваат за зголемување на благосостојбата на потрошувачите.
Бизнис-планот во 2026 година предвидува раст од најмалку 10 % на издатоците за истражување и развој, односно алоцирање на повеќето ресурси во овој сегмент, со цел натамошна модернизација на генеричкото портфолио, дополнето со патентирани производи со додадена вредност.
Животна средина и општествени прашања (ESG)
Изминатите неколку години како стратешки императив и приоритет го поставивме воведу-вањето на Environmental, Social and Governance (ESG-стандардите) за интеграција и за из-вестување во компанијата. Донесовме голем број внатрешни акти кои го систематизираат работењето на сите
сектори во согласност со ESG-принципите.
Одговорноста спрема животната средина и спрема заедницата се составен дел од секојд-невието на секој еден вработен во АЛКАЛОИД, во сите земји каде што имаме воспоставено операции. Во иднина ESG-сегментот ќе се проширува и ќе се интензивира, пренесувајќи се на сите засегнати страни во АЛКАЛОИД со една единствена цел – да изградиме подобар, поздрав и поодржлив свет, порачаа од АЛКАЛОИД.
Вработени
Следејќи ги плановите за раст и развој, во 2026 година очекуваме околу 50 нови вработувања во АЛКАЛОИД АД Скопје и во друштвата во странство. Продолжуваме со вложувањата во човечкиот капитал преку издвојување значителни средства за обуки и за други придобивки за вработените, наедно создавајќи предуслови за натамошно зголемување на просечната нето-плата по вработен.
Акции
Акциите на АЛКАЛОИД АД Скопје котираат на официјалниот пазар на Македонската берза за хартии од вредност од 2002 година и важат за едни од најтргуваните и најликвидните акции на Берзата. Цената на акцијата во 2025 година се движеше од 24.000,00 до 31.099,00 денари или просечно
26.905,83 денари за една акција, што претставува раст од 24 % во споредба со просечната цена на акцијата во истиот период од 2024 година.
Цената на акцијата на последната трансакција на 29.12.2025 година изнесуваше 24.990,00 денари. Пазарната капитализација на компанијата во
декември 2025 година изнесува 36 милијарди денари.
Дивидендна политика
Менаџментот на компанијата ќе продолжи и натаму со досегашната дивидендна политика соодветно на остварените резултати. Планот предвидува алоцирање на дел од нето-добивката на компанијата за дивиденда и за персонален данок, додека, пак, остатокот ќе биде за инвестиции.